Чеферин: Пиев виски додека да заспијам, а ветив и дека Суперлигата нема да постои за 24 часа!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александер Чеферин успеа да ги победи гигантите во идејата да создадат Суперлига.

Чеферин кажа дека добил многу пораки и повици од загрижени екипи поради создавањето на Суперлигата, но им ветил дека за 24 часа повеќе нема да постои такво натпреварување.

„Морав да пијам виски додека да заспијам. Потоа добив 3.800 пораки на кои не успеав да одговорам. Клубовите беа загрижени поради Суперлигата, а јас им ветив дека за 24 часа таа ќе исчезне. Се јавив на неколку телефони, а важна улога одиграа и навивачите“, вели Чеферин.

Чеферин, исто така, кажа дека не им дал мито во милијарди евра на англиските тимови да се повлечат од Суперлигата.