Чеферин: Се изненадив од пласманот на Македонија на ЕП!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин даде изјава за медиумите и кажа дека најпријатно изненадување бил пласманот на Македонија на Европското првенство (ЕП).

Македонија конечно ќе заигра на едно големо натпреварување, а Чеферин имаше да каже нешто за пласманот на ЕП.

„Македонија ме изненади. Тие имаат добра репрезентација. Една мала земја, која не е во добра економска состојба доби шанса да се промовира во Европа“, порача Чеферин.

Чеферин, исто така, најави дека има желба ЕП да се игра пред полни трибини.

„Мислам дека ќе може да имаме полни трибини. Засега, планот е да играме во 12 држави. Секако, имаме и резервни планови за секој случај. Подготвени сме да го организираме натпреварувањето во девет или десет држави“, кажа Чеферин.