Чеферин со порака до Бобан: Не сум јас Ким Јонг Ун!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин реагираше на заминувањето на Звонимир Бобан од федерацијата.

Бобан ја напушти УЕФА и кажа дека организацијата го сменила статутот за да му обезбеди уште еден мандат на Чеферин, иако се очекувало овој мандат да му биде последен.

„Заминувањето на Бобан не предизвика никакво нарушување. Тој не заслужува мој коментар. Луѓето кои ме познаваат мене и него ќе донесат свои заклучоци. Ние веруваме во нашиот колектив и демократски процес на одлучување. Не сум јас Ким Јонг Ун од Северна Кореја“, кажа Чеферин.