Чех на тренингот на Челси покажа дека брани подобро од Кепа, Менди и Кабаљеро – заедно! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот голман Петр Чех беше избран за четврти чувар на мрежата на Челси во сезоната 2020/21. Тој во 2019 година се пензионираше, но тренерот Франк Лампард реши да го регистира за Премиерлигата.

Чех најверојатно нема да добие шанса на теренот и неговото пријавување очигледно е само формалност, но бидејќи тренира, не би згрешил Лампард и доколку го пушти на теренот.

Пред саботниот дуел против Манчестер јунајтед, навивачите ја погледнаа снимката од тренингот и одбраните на Чех, па го молат клубот да му даде шанса.

Слободно може да кажеме дека Чех бранеше подобро од Кепа,м Менди и Кабаљеро заедно, па штета е тоа што рано се повлече од фудбалот.