Челси ја освои „тврдината“ во Варшава – на еден чекор е до полуфинале! (Видео)

Фото: Chelsea/FB

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Челси оствари сигурна и висока победа од 3-0 на гостински терен против Легија Варшава, во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига.

Иако домаќините успеаја да одржат рамнотежа во првиот дел и не примија гол, лондонскиот тим целосно ја презеде контролата во второто полувреме. Со агресивна и брза игра, „сините“ го скршија отпорот на полскиот состав и веќе на стартот од продолжението почнаа да го диктираат темпото.

Тајрик Џорџ го отвори резултатот во 49. минута, а потоа на сцена стапи Нони Мадуеке, кој со два прецизни удари ја запечати победата на Челси и го покажа квалитетот на тимот кој се бори за полуфинале.

Фото: Chelsea/FB