Челси ја загуби најголемата ѕвезда – ќе мора да паузира две до три недели!


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Фудбалската ѕвезда на Челси, Кол Палмер, ќе биде надвор од терените во следните две до три недели поради повреда на препоните, потврди Енцо Мареска, менаџерот на „сините“.

„Одлучивме да го заштитиме Кол. Ќе го одмориме во текот на наредните 2-3 недели, до репрезентативната пауза, за да видиме дали тој одмор ќе му помогне да се опорави целосно и да се врати подготвен 100%“, изјави Мареска.

Отсуството на Палмер значи дека Челзи ќе мора да се справува без еден од клучните напаѓачи, кој оваа сезона има големо влијание на резултатите на тимот.