Челси ѝ нуди на Барселона трампа плус пари за Обамејанг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Челси сака да го купи Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона, но не планира да плати 30 милиони фунти, колку што бараше каталонскиот гигант.

Челси се обидува да плати половина од таа сума, па затоа до Каталонија испратил понуда за трампа плус пари, односно Маркос Алонсо плус 15 милиони фунти.

Барселона е сега на потег и останува да видиме дали ќе се согласи на таков трансфер бидејќи мора да продава фудбалери за да може да го регистрира Жил Кунде за новата сезона.

Тренерот Чави неодамна кажа дека планира да смета на Обамејанг во нападот, иако неодамна Барселона го купи Роберт Левандовски.

Обамејанг минатата сезона постигна 11 гола во 17 натпревари во Ла Лига, а Томас Тухел кажа дека би сакал да соработува со него во Лондон.