Челси дефинитивно се ослободува од Кепа и ќе се обиде да го донесе еден од најдобрите светски голмани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Челси и дефинитивно ќе се ослободат од Кепа Аризабалага по крајот на оваа сезона.

За шпанскиот голман засега нема заинтересиран клуб, но кога Челси и официјално ќе го стави на трансфер листа сигурно ќе се појави некој кој ќе сака да го ангажира повремено првиот чувар на мрежата на репрезентацијата на Шпанија.

„Дејли Стар“ пренесува дека Челси сега се интересира за ангажман на младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума. Донарума се уште го нема продолжено договорот со Милан и постои веројатност да си оди од клубот по крајот на оваа сезона.