Челси договори неочекувано засилување за 30 милиони фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси ја доби битката против Брајтон за услугите на англискиот фудбалер Кирнан Дјусбери-Хол од Лестер.

Дјусбери-Хол треба денеска да ги помине медицинските прегледи по кои ќе биде претставен како нов играч на „сините“.

Челси за услугите на Лестер ќе плати 30 милиони фунти, а Дјусбери-Хол повторно ќе соработува со неговиот поранешен тренер Енцо Мареска.