Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси ги договорил личните услови со Мајкл Олисе, откако испрати понуда од 26 милиони фунти за трансфер на фудбалерот на Кристал Палас.
„Сините“ се активни во летниот преоден рок и газдата Тод Боели веќе ангажира неколку засилувања за тренерот Маурицио Покетино, кој ќе се обиде да го врати Челси на тронот.
Олисе имаше одлични настапи за Кристал Палас и репрезентацијата до 21 година на Франција, па привлече интерес од неколку екипи, меѓу кои се Челси и Манчестер сити.
Талентираниот фудбалер има откупна клаузула од 35 милиони фунти, па најверојатно понудата од 26 милиони фунти ќе биде одбиена од лондонскиот тим.