Челси ги решава проблемите во нападот со 120 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси е подготвен да понуди 120 милиони евра за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен и така да ги реши проблемите во нападот.

„Сините“ имаат потреба од врвен напаѓач, иако премиерлигашот постигна 22 гола на 13 натпревари оваа сезона.

Британските медиуми пишуваат дека Челси има доволно пари да го реализира трансферот, а се шпекулира дека ќе тргнат во напад уште во јануари.

Осимен има договор со калчолигашот до 30 јуни 2025 година, а оваа сезона постигна шест гола на 11 меча во сите натпреварувања.