Челси го истури гневот врз Саутемптон, Арсенал загуби од Брајтон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европскиот шампион Челси ја оправда фаворитската улога и славеше со 6-0 против Саутемптон, додека Арсенал загуби на домашен терен од Брајтон со 1-2.

„Сините“ од Лондон немаа милост по двата порази во претходната недела од Брентфорд и Реал Мадрид, па уште во првото полувреме му дадоа четири гола на Саутемптон.

Во листата на стрелци се запишаа Алонсо, Маунт, Вернер и Хаверц, по што во вториот дел паднаа уште два гола, а беа дело на германскиот напаѓач Вернер и англискиот репрезентативец Маунт.

Арсенал запиша неочекуван пораз од Брајтон, и тоа откако гостите водеа со 2-0 со головите на Тросар и Мвепу, по што Одегард намали на 1-2.