Челси го казни Лукаку, а тој им одговори со низок удар и ги изнервира навивачите! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку се жалеше пред новинарите дека не е задоволен со неговиот статус во Челси, а потоа беше исфрлен за дербито против Ливерпул.

Тренерот Томас Тухел призна дека не му се допаднале зборовите на напаѓачот, а потоа кажа дека се крева бура без никаква потреба, по што Лукаку реши да ја искомплицира дополнително ситуацијата.

Лукаку направи хаос на социјалните мрежи, откако го избриша неговиот профил на Твитер, а на Фејсбук го промени тимот за кој игра, па сега не пишува Челси, туку Интер.

Лукаку уште во 2011 година стигна во Челси, но не доби шанса, по што се пресели во Евертон, а потоа го носеше дресот на Манчестер јунајтед.

Белгиецот играше во Интер две сезони, и тоа од 2019 до 2021 година, по што се пресели во Челси.