Челси го купи за 115 милиони евра, а Лукаку го „запали“ Лондон: Не сум среќен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку стигна минатото лето во клубот за 115 милиони евра, но четири ипол месеци подоцна призна дека не е среќен.

Еден ден по киксот против Брајтон, во кој даде гол за реми (1-1), Белгиецот за „Скај Спортс“ кажа дека не е среќен во Лондон.

„Физички сум подготвен, подобар од претходно. Меѓутоа, не сум среќен со ситуацијата и тоа е нормално“, кажа Лукаку за медиумите.

Лукаку оваа сезона на 18 натпревари постигна седум гола и две асистенции, а често беше резерва и поради тоа не е среќен.

Според неговите зборови, најголем проблем е системот на игра во формацијата 3-4-2-1 на Томас Тухел во која не гледа доволно простор за себе.

„Мислам дека тренерот игра во различен систем, но јас не смеам да се предадам и ќе се борам до крај затоа што сум професионалец. Но, не сум среќен со ситуацијата“, кажа Лукаку.