Челси го нуди Лукаку плус пари за – Осимен!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси бара начин како да го купи Виктор Осимен од Наполи, па во следниот период се очекува да испрати официјална понуда.

Ромелу Лукаку не се прослави во Челси, па во моментов настапува на позајмица во Рома, а наскоро би можел да го облече дресот на Наполи.

Италијанските медиуми пишуваат дека Осимен е расположен за преселба во Лондон, но Челси ќе мора да плати и дополнителни 80-90 милиони евра, освен што ќе го понуди Лукаку.

За услугите на Осимен се заинтересирани и неколку тимови од Саудиска Арабија.