Челси го плати 70 милиони евра, а Мудрик го постигна првиот гол по 24 настапи (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот репрезентативец Мудрик конечно постигна гол за Челси во Премиерлигата, и тоа по 24 настапи за премиерлигашот.

Мудрик претходно за „сините“ постигна гол против Брајтон на пријателски меч, но сега конечно погоди за триумф од 2-0 на Челси.

Минатата сезона доби минутажа, но не ја искористи и не се прилагоди во екипата од Лондон, но сезонава тренерот Маурицио Покетино реши посебно да работи со него.