Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во терминот од 16 часот беа одиграни пет натпревари од 36. коло во англиската Премиерлига, а Саутемптон официјално испадна, додека Манчестер јунајтед направи чекор напред кон Лигата на шампиони (ЛШ).
Фулам славеше со 2-0 кај Саутемптон и го испрати во понизок ранг, додека Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ беше подобар од Вулверхемптон со 2-0, откако Марсијал и Гарначо постигнаа голови.
Челси одигра 2-2 против Нотингем Форест, откако најпрво губеше, па потоа направи пресврт и на крајот прими гол по лоша интервенција на дефанзивците.
Претходно, Лидс и Њукасл одиграа 2-2, а утре се играат дуелите меѓу Евертон и Манчестер сити, односно Арсенал и Брајтон.