Челси го регистрираше Петр Чех за натпреварите во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските премиерлигаши денеска официјално ја испратија листата од 25 фудбалери на кои ќе сметаат во следната сезона.

Интересно е тоа што Челси го регистираше Петр Чех на списокот со 25 играчи кои Франк Лампард може да ги користи во Премиерлигата.

Секако, чешкиот голман нема да добие шанса покрај Кепа, Менди и Кабалјеро, но се наоѓа во составот на премиерлигашот.

Јирген Клоп знае дека не може да смета на Вирџил ван Дајк, па не го регистрираше за сезонава во шампионатот и така доби едно место повеќе за помладите играчи.

Манчестер јунајтед ги тргна од списокот Серхио Ромеро и Фил Џонс, кои очигледно ќе го напуштат премиерлигашот наскоро.