Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Килијан Мбапе не планира да ја продолжи соработката со ПСЖ до 2025 година, па поради тоа францускиот гигант сака да го продаде голгетерот уште летово, а има неколку заинтересирани тимови.
„ЕСПН“ објави дека разделбата меѓу Мбапе и ПСЖ би можела да се случи уште летово, но само ако некој тим понуди 150 милиони евра.
Реал Мадрид го сака францускиот напаѓач, но не сака да плати 150 милиони евра, па во целата приказна се вклучи и Челси кој будно ја следи ситуацијата.
Челси бара нов напаѓач затоа што планира да го продаде Ромелу Лукаку, а Мбапе би можел да биде идеално решение за екипата, откако досега за ПСЖ одигра 260 меча и постигна 212 гола и 98 асистенции.