Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси бара нови засилувања, а на списокот со желби на Маурицио Покетино се наоѓа и голманот на Интер, Андре Онана.
Иднината на Онана засега не е сигурна во Милано, односно Џанлука Ди Марцио објави дека Интер би можел да го продаде голманот ако пристигне примамлива понуда од клубот.
Онана по финалето во Лига на шампиони кажа дека ќе направи како што ќе побара раководството на клубот, иако повтори неколку пати дека е среќан во калчолигашот.
„Среќен сум тука, но никогаш не се знае. Немам проблеми во Интер, имам одличен однос со сите. Ќе направам како што ќе ми кажат. Сепак, мора да повторам дека сум среќен во тимот“, кажа Онана.