Челси и Наполи закажаа нов состанок за Осимен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси се обидува да го добие потписот на Виктор Осимен, но засега екипите се далеку од договор.

Наполи бара дури 93,5 милиони фунти за Осимен, но Челси се обидува да ја намали цената и со тоа конечно да го реши проблемот во нападот.

Челси веќе се договори да му го продаде Ромелу Лукаку на Наполи, но калчолигашот прво сака да ја реши ситуацијата со Осимен.

За потписот на Осимен се заинтересирани и Арсенал и ПСЖ, но засега нема преговори со Наполи.