Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси остана без Мајкл Олисе, кој на крајот реши да потпише за Баерн Минхен, па сега лондонскиот тим реши да испрати понуда за еден од најдобрите шпански репрезентативци Нико Вилијамс.
Вилијамс воодушеви минатата сезона за Атлетик Билбао, а игра одлично и на Европското првенство (ЕП) во Германија, додека неговата откупна клаузула изнесува 58 милиони фунти.
Челси нема проблеми да ја плати откупната клаузула, иако најпрво ќе се обиде да преговара со Атлетик Билбао за пониска цена, односно исплата во рати за да се избегне санкција поради финансискиот фер-плеј.