Челси избра нов тренер кој има големо искуство во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси има ужасна сезона која ќе сака да ја заборави што е можно побрзо, а газдата Тод Боели најде нов тренер за следната сезона.

Луис Енрике и Јулијан Нагелсман беа главни фаворити за тренерската позиција, но отпаднаа од конкуренција, па сега Маурицио Покетино е човекот кој е лидер за кормилото на Челси.

Фабрицио Романо објави дека Челси сака да го ангажира Покетино, а оваа недела ќе продолжат преговорите кои се во важна фаза.

Во текот на оваа недела Боели ќе донесе одлука дали Покетино ќе го предводи неговиот тим од следната сезона.