Челси ја разгледува можноста да ангажира фудбалер на Ајакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Челси речиси сигурно ќе се засилуваат во летниот преоден рок а од ден на ден се повеќе се шпекулира за имињата кои ќе ги донесе клубот од Лондон.

„Телеграф“ во последното свое издание пишува дека Челси ја разгледува можноста да го ангажира Хаким Зијеш од редовите на Ајакс.

26 годишниот Мароканец има импресивни две сезони зад себе во гигантот од Холандија и речиси сигурно ќе реализира одличен трансфер во летниот преоден рок.

Освеј Челси за Зијеш има интерес и до Арсенал, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед кои исто така ја разгледуваат опцијата да го донесат во своите редови.