Челси ќе понуди 112 милиони фунти за ново засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медум „Дефенса Сентрал“ пишува дека Челси планира да испрати понуда од 112 милиони фунти за Федерико Валверде од Реал Мадрид.

Уругваецот ги воодушеви сите со неговите настапи во „кралскиот клуб“, а тренерот на Челси, Маурицио Покетино инсистира клубот да потпише договор со него.

Челси ќе понуди 95 милиони фунти во готово плус 17 милиони фунти во бонуси за ангажман на фудбалерот.

„Сините“ претходно покажаа интерес за Мануел Угарте од Спортинг Лисабон, но тој потпиша за ПСЖ, по што се шпекулираше дека Челси ќе тргне и по потписот на Мојсе Каиседо.