Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
На Островот денеска главна тема во фудбалскиот свет е мега интервјуто на најпознатиот новинар за трансфери ов Европа, Џанлука Ди Марцио.
Италијанецот зборуваше за трансферите кои се во исчекување во Премиер лигата, а го спомна и Челси кој се интересирал за ангажман на Дрис Мертенс од Наполи.
„Челси го сакаа Мертенс и во Јануари. Во јануари тие понудија 10 милиони евра иако неговиот договор истекуваше во јуни, но од Наполи ги одбија затоа што сакаа тој да го собори клупскиот рекорд во постигнати голови. Сега неговиот договор е при крај, а тешко е дека истиот ќе го продолжи, а јас знам дека Челси се уште го сака. Тие зборуваат со неговите претставници, Лампард зборуваше со играчот и се обидуваат да го притиснат Мертенс да ја прифати нивната понуда“ –изјави Ди Марцио.















