Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси по ужасната сезона во Премиерлигата го чека голем ремонт на лето, а една од позициите кои треба да бидат засилени е нападот на екипата.
Челси наскоро ќе го потврди ангажманот на Маурицио Покетино, по што ќе тргне по потписот на 31-годишниот Садио Мане од Баерн Минхен.
Англиските медиуми пишуваат дека Мане ќе биде првото засилување на Челси ова лето, откако Сенегалецот имаше катастрофална сезона во Минхен.
Трансферот на Мане ќе чини околу 35 милиони фунти плус бонуси, а треба да се спомене дека сенегалскиот напаѓач на 36 настапи за баварскиот гигант постигна 12 голови.