Челси му купи нов стопер, но Покетино бара уште едно големо засилување


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Маурицио Покетино ја оствари третата победа на подготовките за новата сезона во Премиерлигата, откако синоќа Челси беше подобар од Фулам со 2-0.

Аргентинецот го освои трофејот на подготвителниот турнир, но свесен е дека во новата сезона ќе мора да влезе со најсилен тим.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси го договорил Аксел Дисаси за 45 милиони евра и тој треба да ја покрие „дупката“ во тимот поради отсуството на Весли Фофана.

„Вие новинарите секогаш знаете повеќе од мене. Со повредата на Фофана беше јасно дека мора да се засилиме во одбрана, но ни треба искуство во средниот ред“, вели Покетино.