Челси му носи идеален партнер на Лукаку во нападот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси доби нов газда пред неколку дена, а Тод Боели веднаш сака да инвестира многу пари за да го врати тимот на врвот во европскиот фудбал.

Прво засилување на „сините“ треба да биде напаѓачот Лаутаро Мартинез, кој би бил идеален партнер за Ромелу Лукаку со кого соработуваа во Интер.

Лукаку пристигна за 115 милиони евра минатото лето во Челси, но одигра 44 меча и постигна само 15 голови, па не ги оправда очекувањата во првата сезона.

Англиските медиуми пишуваат дека Лукаку нема да биде продаден, иако имаше шпекулации во претходниот период дека ќе се случи тоа.

Се очекуваат и голем број засилувања во одбраната затоа што екипата останува без услугите на Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и најверојатно Цезар Аспиликуета.