Челси му понуди договор на Лукаку, а тој ги одби поради една причина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку пред две години од Манчестер јунајтед се пресели во Интер и тоа беше одличен потег на италијанскиот клуб, а сега се појави можност Белгиецот да се врати во Премиерлигата, односно во Челси.

Лукаку пристигна во Интер за 74 милиони евра, но се покажа како вистински погодок на клубот. Сепак, оваа година тимот е во финансиска криза поради која мора да продаде неколку фудбалери.

Првиот кој го напушти тимот беше Ашраф Хакими за 70 милиони евра, а сега неколку тимови се заинтересирани за Лукаку.

Англиските медиуми објавија дека Челси покажал голем интерес за Лукаку и испратил понуда до Интер, но Белгиецот порачал дека не сака да се враќа во тимот во кој никој не веруваше во него.

Овој 28-годишен напаѓач играше поголем дел од времето на позајмици, а „сините“ го продадоа три години подоцна за 35 милиони евра на Евертон.