Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемаде од Штутгарт, спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, до крајот на трансферниот период ќе се фокусира на позајмици, најави германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Тоа значи дека доаѓањето на напаѓачот Кристофер Нкунку сега е тешко остварливо, и покрај постигнатиот договор меѓу играчот и Баерн. Челси, имено, повторно порача дека дозволува само постојан трансфер, а не позајмица. Поради тоа, сите вклучени во преговорите се фрустрирани: Нкунку, Еберл, спортскиот директор на Бајерн Кристоф Фројнд и тренерот Винсент Компани.
Според информациите на Скај Спорт, РБ Лајпциг сè уште е во игра. Преговорите со Челси никогаш не беа целосно прекинати, а интерес за францускиот напаѓач покажуваат уште неколку клубови, не само Лајпциг.
Фото: Принтскрин