Челси не се откажува: Боели ќе оди лично по – Енцо Фернандез!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси планира да се засили со уште еден фудбалер до крајот на преодниот рок, а тоа е Енцо Фернандез од Бенфика.

Челси веќе имаше еден неуспешен обид да го ангажира Фернандез на почетокот на јануари, меѓутоа не успеа во намерата, па сега газдата Тод Боели лично ќе се обиде да го донесе во Лондон.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Челси е подготвен да плати 120 милиони евра, колку што бара Бенфика, но парите да се исплаќаат во рати, а не наеднаш.

На „сините“ им е потребен креативен плејмејкер, а во моментов Фернандез изгледа како одлично решение.