Челси нудеше повеќе пари, но остана без посакуваното засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси ги засили своите редови со два дефанзивци во последниот ден од преодниот рок.

Во редовите на Сините стигнаа Давид Луиз и Маркос Алонсо, а менаџерот на лондонскиот тим Антонио Конте, сакаше уште еден фудбалер на Стенфорд Бриџ.

Се работи за аргентинскиот фудбалер Езекиел Гарај, кој во последните минути од преодниот рок ја засили Валенсија од руски Зенит.

Гарај ја одби понудата на Сините, и Челси остана без планираното засилување иако нудеа 10 милиони евра повеќе од Валенсија.

Лилјаците за 29-годишниот фудбалер испратија на Зенит 20 милиони евра.