Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека од таборот на Челси се приклучиле во битката и во моментов се најблиску до обезбедување на потписот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франнкфурт.
„Марка“ пренесува дека Челси ќе притиска за трансферот на 21 годишниот фудбалер кој блеска во германската Бундеслига.
Претходно имаше најави дека за него постои интерес од Барселона, па се шпекулираше дека Баерн Минхен ќе го донесе во своите редови, за пред неколку дена да излезе информација дека на крај тој би можел да заврши во „кралскиот клуб“.
Весникот близок до Реал Мадирд сепак денес пренесува друга верзија на случувањата по која од нигде никаде Челси е фаворит за неговиот потпис и ќе го купи играчот, но ќе го остави на заем во Ајнтрахт уште една сезона поради тоа што не може да регистрира играчи во следните два преодни рока.