Челси планира да купи уште двајца дефанзивци, а еден од нив вреди 90 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси летово остана без Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер, па затоа германскиот тренер Томас Тухел бара нови дефанзивци.

Прво беше ангажиран Калиду Кулибали од Наполи, а сега на листата со желби се наоѓаат уште двајца дефанзивци.

„Сините“ преговараат со Лестер сити за Весли Фофана, но и за бекот на Интер, Дензел Думфрис, а целта е двајцата да бидат ангажирани пред почетокот на сезоната.

Лестер за услугите на Фофана бара 90 милиони евра, а засега не е познато дали Интер е подготвен да го пушти Думфрис, освен ако не стигне некоја луда понуда од Лондон.

Фофана во моментов е приоритет и има само 21 година, а освен Челси, за неговите услуги се заинтересирани Севиља и ПСЖ.