Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот освојувач на Лигата на шампиони (ЛШ), Челси планира сериозно да се засили летово, а изборот паднал на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
„Сините“ се заинтересирани за Халанд, но неговиот потпис скапо ќе ги чини бидејќи Дортмунд не сака да се откаже од Норвежанецот.
„Билд“ објави дека газдата на Челси, Роман Абрамович инсистира за реализација на трансферот и сака вистинска „деветка“, која недостига во екипата на премиерлигашот.
Доколку успешно се реализира трансферот, тогаш Халанд ќе биде трет најскап трансфер во историјата, по Нејмар и Килијан Мбапе, кои ги купи ПСЖ за 222 и 180 милиони евра.
Дортмунд го купи Халанд во јануари минатата година од Салцбург за „само“ 20 милиони евра.