Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ле Паризиен“ пишува дека Челси сака да ја искористи ситуацијата во ПСЖ и да го добие потписот на Нејмар.
Бразилскиот фудбалер долго време се поврзува со заминување од Париз, а како следна дестинација се споменува Челси.
Управата на Челси била сериозна во својата намера и сака да го купи бразилскиот фудбалер до крајот на летниот преоден рок, но засега не се откриваат финансиски детали.
Бразилецот на 173 меча за ПСЖ постигна 118 голови и 77 асистенции, а има договор со францускиот шампион до јуни 2025 година.