Челси пред нов голем трансфер: Тухел добива одличен дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси е блиску до реализирање на трансферот на Весли Фофана од Лестер.

Фофана има 21 година и голем талент, а Челси се обидува да го купи Лестер за помала сума на пари, иако поранешниот шампион бара над 50 милиони евра.

Челси го сака и Дензел Думфрис, но тој трансфер тешко би можел да се реализира затоа што Интер не го пушта својот дефанзивец, а притоа „сините“ вчера го договорија и Марк Кукуреља.

Фофана е репрезентативец на Франција до 21 година, а сè уште чека настап во сениорската екипа, додека кариерата ја почна во Сент Етјен, по што се пресели во Лестер во 2020 година.