Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Од таборот на Челси по неколкуте спектакуларни засилувања сега ќе се насочат кон продавањето на своите играчи.
Денеска од клубот, на привремена основа, си замина напаѓачот Мичи Батсуаи кој кариерата ќе ја продолжи во Кристал Палас.
Белгискиот напаѓач втор пат во кариерата ќе го облече дресот на Кристал Палас како позајмен фудбалер.
На перманентна основа се очекува да си оди играчот од средниот ред, Нголо Канте кој стана вишок во тимот на Френк Лампард по неколкуте засилувања во клубот ова лето.
За Канте се интересира тимот на Интер кој не успеа да го ангажира Сандро Тонали, а не сака да плати пари за да го ангажира Артуро Видал од Барселона, па францускиот фудбалер е идеална опција за Антонио Конте.