Челси – Што ќе биде со Колумбиецот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте изјави дека би сакал да го задржи на Стенфорд Бриџ, но интересот за неговите услуги продолжува.

Хуан Квадрадо одамна  залуди многу европски клубови.

После Светското првенство во 2014 година, Фиренца ја замени со Лондон, а виолетовата гарнитура со сина, но се испостави дека тоа и не му беше најдобар потег.

Во Челси не беа задоволни, ретко добиваше шанса да игра, па на почетокот на минатата сезона е проследен на позајмица во Јувентус.

Во шампионот на Италија одлично играше, па се очекуваше дека може да добие вистинска шанса во Челси, посебно кога е обелоденето дека Сините во новата сезона ќе ги преводи Антонио Конте, кој многу ги цени неговите квалитети.

Дури италијанскиот стратег тоа и го потврди, во текот на својата прва конференциај од преминот на клупата на Челси.

Сепак, неколку клубови од Серија А сметаат дека можат да го натераат Конте да дозволи да го пушти Квадрадо да замине.

Интересот на Макс Алегри одамно познато, бидејќи одлично соработуваа во минатата сезона во Старата дама, а сега во „трката“ се вклучија и миланските ривали.

Интер наводно се откажа од Кандрева, и сега можат „силно“ да тргнат по брзоногиот Колумбиец,  а токму Кандрева може да го потполни неговото место во редовите на тимот од Стенфорд Бриџ.

Што се однесува до Милан, Монтела е голем обожавател на можностите на Квадрадо и наложи на управата на клубот да му го стават на располагање. Додуша во Милан сеуште не е расјаснета ситуацијата околу превземањето на клубот од страна на кинескиот конзорциум, и со нив сеуште не треба да се смета во оваа приказна, но нема сомнеж дека владее вистинска лудост.

Неговиот агент Александри Лучи, истотака пробува да ја убеди управата на Сините да го пуштат неговиот клиент, но тој смета дека за Квадраво би било најдобро да оди на едногодишна позајмица со право на откуп, додека Челси бара 30 милиони евра.