Челси си договори Бразилец за 64 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот европски и англиски шампион Челси е блиску до потпис со Рафиња од Лидс за кој ќе плати 64 милиони евра.

Челси се договорил со Лидс, па останува да се договорат условите уште со фудбалерот, а се верува дека нема да има никакви проблеми и Бразилецот ќе потпише за „сините“.

Рафиња преговараше и со Арсенал и со Барселона, но сепак Челси е фаворит за неговиот потпис и се очекува трансферот да биде комплетиран во следните денови.

Бразилецот му се приклучи на Лидс од Рен во 2020 година, а беше важен член на екипата и помогна да се избегне испаѓање од Премиерлигата.