Челси „случајно“ најде засилување во Англија и ќе му ги расипе плановите на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освојувачот на Лигата на шампиони (ЛШ), Челси не може да смета на Бен Чилвел кој е повреден и ќе паузира до крајот на сезоната, па поради тоа шампионот бара негова замена.

Лондонскиот тим остана само со Маркос Алонсо на таа позиција, но од неговите настапи не се задоволни ниту навивачите, ниту тренерот Томас Тухел.

Челси ќе се обиде да најде нов лев бек во јануари, а бидејќи нема многу избор, најверојатно „сините“ ќе потпишат со Лукас Дињ, кој претходно се поврзуваше со Интер, Наполи и Њукасл.

„Карамелите“ за Дињ бараат 25 милиони евра, а толку пари за трансфер нема Интер, додека Челси нема финансиски проблеми и би можел да го купи, но ќе мора и да издвои плата од 100.000 фунти неделно за искусниот фудбалер, кој сезонава настапи на 15 меча за Евертон.