Челси со минимална победа остана во сериозна конкуренција за пласман во Лигата на шампионите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Челси славеше минимална,но многу важна победа против тимот на Норвич во првиот натпревар од 36. коло од англиската Премиер лига.

Избраниците на Френк Лампард славеа со 1:0, а единствениот погодок на средбата го постигна Оливие Жиру.

Челси сега има 63 поени и се наоѓа на третата позиција на табелата, четири бода пред Манчестер Јунајтед и Лестер кои се наоѓаат на четвртата односно петтата позиција.