Челси тргна по еден од најдобрите дефанзивци во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот премиерлигаш Челси доби нов газда на почетокот на месецот, по што следеа промени во раководството на тимот, а во следниот период ќе се обидат да купат квалитетни засилувања, кои ќе ги вратат во трката за титулата.

Челси е заинтересиран за услугите на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, чија откупна клаузула е 120 милиони евра, а има договор со калчолигашот до 2024 година.

Јувентус не сака да го загуби Де Лихт, но Челси нема да штеди пари за да ангажира замена за Антонио Рудигер, кој како слободен фудбалер се пресели во Реал Мадрид.

„Старата дама“ го купи Де Лихт во 2019 година, а младиот дефанзивец стана еден од најдобрите во Европа, па затоа е очекуван интересот од Челси.