Челси во 2023 година освоил само 25 бодови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот бизнисмен Тод Боли потроши над милијарда евра за засилувања, но Челси во 2023 година освои само 25 бодови, а тоа е малку за екипа која сака да се бори за титули.

Во статистиката се вклучени сите освоени бодови од јануари до септември, а тимот од Лондон во тој период одиграл 29 меча.

За да биде уште пострашно за „сините“, тие имаат само пет победи во тој временски период, а во меѓувреме се сменија неколку тренери.

Челси во тој период беше предводен од Грем Потер, Бруно Салтор, Франк Лампард и Маурицио Покетино.