Челси во битка со Барселона: Тухел добива уште еден врвен дефанзивец!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот газда на Челси активно бара засилувања, откако претходно ги ангажираше Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали, а наскоро тренерот Томас Тухел треба да добие уште еден добар дефанзивец.

Тренерот на Челси кажа дека приоритет му е засилување на одбраната, а во моментов се водат преговори за Преснел Кимпембе, но премиерлигашот сака да го купи и Жил Кунде од Севиља.

Проблем за „сините“ е тоа што интерес за Кунде покажа и Барселона, но каталонскиот гигант нема 60 милиони евра за да го купи одличниот стопер.

Челси во следниот период ќе преговара со Севиља за дефанзивецот, но речиси сигурно гигантот од Андалузија нема да прифати понуда под 60 милиони евра за Кунде.

Премиерлигашот мора да го реши проблемот во одбраната, откако од екипата си заминаа Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен.