Челси во проблеми: Најверниот бисер на Тухел сака да си оди – добивал мала минутажа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси се наоѓа во голема криза во последните месеци, по заминувањето на тренерот Томас Тухел, а од екипата би можеле да заминат уште неколку фудбалери.

Еден од нив е голманот на Челси, Едуард Менди кој не сака да остане во Лондон каде што не добива голема минутажа кај тренерот Грем Потер кој повеќе му верува на Кепа Аризабала, кој мора да се признае дека брани во одлична форма.

Менди беше прв голман кај Тухел и му помогна на тимот да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), но заминувањето на Германецот ги промени работите на „Стемфорд бриџ“.

Сепак, треба да се признае дека Менди не брани како во најдобрите денови, а неговите грешки скапо го чинеа клубот од Лондон.