Челси за 50 милиони евра сака да добие нов командант во екипата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси планира да ангажира уште неколку засилувања до крајот на летниот преоден рок, а едно од нив треба да биде Едерсон Алварез.

„Сините“ испратија понуда од 50 милиони евра за фудбалерот за врска на Ајакс, Едерсон Алварез, а засега постојат ептен мали шанси да се реализира трансферот бидејќи холандскиот гигант не може да пронајде замена, а веќе се раздели со неколку важни играчи.

Алварез сака да се пресели во Премиерлигата бидејќи Челси му нуди одлични услови, но сепак Ајакс ќе го има последниот збор бидејќи преодниот рок во Холандија заврши, па ако го продадат одличниот фудбалер, тогаш нема да може да ангажираат замена.