Челси за првпат од 2022 година запиша три победи по ред во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси славеше против Фулам со 1-0 во 21. коло од Премиерлигата, па така ја запиша третата победа по ред во елитата.

Избраниците на Маурицио Покетино претходно беа подобри од Кристал Палас со 2-1 и Лутон со 3-2, па за првпат по октомври 2022 година запишаа три триумфи по ред.

Челси во моментов има 31 бод и се наоѓа на осмата позиција во Премиерлигата.