Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Френк Лампард порача дека Мејсон Маунт и Н’голо Канте ќе настапат во недела против Ливерпул.
Маунт се повреди во дуелот против Валенсија, а иако се очекуваше долго да паузира, сепак тој ќе биде подготвен за големото дерби, додека Канте се вратил на тренинг, па и тој ќе биде на располагање на тренерот Лампард.
„Маунт има шанса да заигра против Ливерпул. По мечот против Валенсија ситуацијата изгледаше лошо, но сега фудбалерот е подобро, па останува да видиме како ќе се чувствува пред дуелот. Од друга страна, Канте е многу важен фудбалер за нас. Сепак, не е 100% сигурно дека ќе настапи против Ливерпул, но добра вест е тоа што се врати на тренинг“, порача Лампард.